Welche Stadt in Mazedonien unterscheidet sich kulturell am meisten von den anderen Städten?

https://i.redd.it/9mmtn9ingm5e1.jpeg

Von Klutzy_Lack7612

5 Comments

  1. Ако споредиш во развој цела држава успеа да направи некој основен темел за град – Скопје, додека останатите така наречени градови (на хартија) не се ништо повеќе од општини, села со малку инвестиции како водовод канализација и ред други ептен базични работи. Напиши листа на градови во Македонија, освен Скопје, Битола што биле некаков отскок од останативе мини-населени местенца со епитет град, и ќе ја добиеш равенката.
    А пак ако не го гледаш само Скопје туку цела Македонија комплет, ќе сфатиш дека се работи за една земја, технолошки заостаната, полјоприведна земја со заостанат интровертен класичен традиционален менталитет, интелектуално неразвијана и нешто слично како многу државички што постојат по светов во Африка јужна Америка и Азија.

  2. Adorable_Prior5217 on

    – **Битола** – Единствениот град во Македонија со вистински европски шмек. Широк Сокак, француското влијание од конзулските денови, и специфичниот битолски дух го прават сосема различен од останатите градови.

    – **Охрид** – Туристичката „метропола“ на Македонија. Се чувствува како сосема друг свет, особено во летната сезона, со микс од историја, религија и модерна туристичка култура.

    – **Скопје** – Пренатрупан, хаотичен и со огромен избор во секое поле – од култура до забава. Контрастот меѓу модерното и традиционалното го прави културно посебен.

    – **Демир Капија** – Мал град со огромен потенцијал за авантуристички спортови како кајакарење и искачување карпи. Вистински скриен бисер што отскокнува од типичните мали градчиња.

    – **Кавадарци** – Град кој дише вино и веселба. Менталитетот на луѓето е тотално различен, како и културата поврзана со винската индустрија.

    – **Струмица** – Позната по карневалот и специфичната култура што е поотворена од останатите градови на исток. Мислам дека после Скопје, тука има најголема ЛГБТ популација, што е културолошки изненадувачки за источен град.

    – **Крушево** – Градот со својата историја, етничка мешавина и планинската атмосфера е како нешто сосема различно од типичниот македонски град.

    Секој од овие градови има своја приказна и културна уникатност што ги прави посебни.

  3. Мала земја е Македонија да има град којшто отксокнува од другите културолошки.

    Не би рекол дека Скопје е различен град од другите бидејќи денес е реткост некој да е чист скопјанец (не дека е тоа нешто лошо!!). Па имам чувство дека правата скопска култура е изгубена.

    Можеби подобра игра би била ако ја земеме целата географска територија на Македонија. Во тој случај би кажал дека Солун отскокнува како град.

  4. Вевчани, ама не е град, туку држава во држава.

Leave A Reply